Хроника

ЗАПАДНОНИЛСКАТА ТРЕСКА ЗЕДЕ УШТЕ ЕДНА ЖРТВА: Почина 70-годишен маж од Аеродром

70-годишен маж од скопски Аеродром почина од западнонилска треска. Бројот на жртви од вирусот во Македонија достигна 10, а седум пациенти се хоспитализирани.

ЗАПАДНОНИЛСКАТА ТРЕСКА ЗЕДЕ УШТЕ ЕДНА ЖРТВА: Почина 70-годишен маж од Аеродром

70-годишен маж од скопската населба Аеродром викендов починал од западнонилска треска на Клиниката за инфективни болести, каде што се лекувал повеќе од 50 дена. Со неговата смрт, бројот на починати од вирусот во земјава се искачи на 10.

Седум пациенти се хоспитализирани

Според директорот на Инфективната клиника, Фадил Цана, во моментот се хоспитализирани седум пациенти со западнонилска треска, од кои двајца се во критична состојба. Пред три дена на Клиниката бил регистриран и нов случај на заболување.

Бројот на пациенти достигна 68

Со новиот случај, бројот на пациенти кои годинава се лекувале на Клиниката за инфективни болести од западнонилска треска достигна 68. Новиот смртен исход доаѓа откако претходно во септември биле регистрирани осум починати лица од болеста.