Македонија
Дознај прв
УШТЕ ЕДНА ЖРТВА НА ЗАПАДНОНИЛСКА ТРЕСКА: Почина 66-годишен кумановец
Шеесет и шестгодишен кумановец почина од западнонилска треска, што е деветти смртен случај од вирусот во Македонија годинава.

Деветти смртен случај годинава од западнонилска треска
Шеесет и шестгодишен жител на Куманово починал од западнонилска треска, што е деветти смртен случај од вирусот во Македонија годинава. Пациентот имал и други здравствени состојби, а на Инфективната клиника во Скопје бил хоспитализиран 28 дена. Според директорот на Клиниката, Фадил Цана, пациентот бил со потешка клиничка слика.
На Инфективна се лекуваат 11 пациенти
Во моментов на Инфективната клиника се лекуваат 11 пациенти со западнонилска треска, од кои еден е со потешка клиничка слика. Последниот пациент со ова заболување бил примен на Клиниката на 19 септември. Западнонилската треска се пренесува преку убод од заразен комарец, а кај дел од заболените може да предизвика тешка форма на инфекцијата.
