Свет

ТРАМП САКА ПОБРЗ РАЗВОЈ НА ВИ: „Вашингтон пост“ открива како семејството заработува од бумот

„Вашингтон пост“ анализира како инвестициите на Доналд Трамп и неговото семејство се поврзани со брзиот развој на вештачката интелигенција.

ТРАМП САКА ПОБРЗ РАЗВОЈ НА ВИ: „Вашингтон пост“ открива како семејството заработува од бумот

Трамп има инвестиции во компании поврзани со ВИ

Бизнис империјата на семејството на американскиот претседател Доналд Трамп е сè повеќе поврзана со брзиот развој на вештачката интелигенција, објавува „Вашингтон пост“. Според анализата на весникот, Трамп има финансиски удели во компании кои би можеле да имаат корист од растот на индустријата, додека неговата администрација истовремено носи одлуки кои влијаат на технолошкиот сектор. Финансиските извештаи покажуваат дека неговите инвестиции опфаќаат компании поврзани со чипови, сервери и енергетска инфраструктура за центри за податоци. Меѓу наведените компании се „Dell“, „Micron“, „GE Vernova“, „Broadcom“ и „Texas Instruments“. Белата куќа ги отфрла тврдењата за конфликт на интереси и наведува дека со инвестициите управуваат независни менаџери.

И семејните компании се свртуваат кон вештачката интелигенција

Според „Вашингтон пост“, компаниите поврзани со семејството Трамп исто така го зголемуваат своето присуство во индустријата за вештачка интелигенција и центрите за податоци. „Trump Media & Technology Group“ се подготвува за спојување со „TAE Technologies“, додека „Truth Social“ планира да им понуди на компании од областа на ВИ пристап до своите објави за обука на модели. Доналд Трамп Џуниор е партнер во инвестициска фирма која вложува во компании поврзани со ВИ, а Ерик Трамп инвестира во компании од областа на одбраната и роботиката.