Македонија

„ПИНОКИО“ ГИ ОСВОИ НАЈМЛАДИТЕ: Битолскиот театар со одлична претстава во Прилеп

Претставата „Пинокио“ на Битолскиот театар го отвори детскиот фестивал „Силјан Штркот“ во Прилеп, со детски насмевки и големи аплаузи.

„ПИНОКИО“ ГИ ОСВОИ НАЈМЛАДИТЕ: Битолскиот театар со одлична претстава во Прилеп

Детски насмевки и големи аплаузи

Театарскиот фестивал за деца „Силјан Штркот“ во Прилеп започна со претставата „Пинокио“ на НУ Народен театар Битола. Претставата предизвика детски насмевки, весела атмосфера и долготрајни аплаузи од публиката. „Пинокио“ е во режија на Деан Дамјановски и ја раскажува познатата приказна за растењето, искреноста, љубовта и храброста. Главната улога ја толкува Никола Стефанов, а во претставата настапуваат и повеќе актери и деца од Театарската школа „Бабец“. Композитор е Марјан Неќак, сценографијата е на Сергеј Светозарев, а костимографијата на Андреј Ѓоргиевски.

прилеп

Фестивалот во Прилеп започна со детска радост

Од Битолскиот театар велат дека им било особено задоволство што токму со „Пинокио“ го отвориле фестивалското издание. Приказната ги одведе најмладите гледачи во светот на фантазијата, музиката и детската магија, а интересот на публиката беше проследен со позитивни реакции. Фестивалот „Силјан Штркот“ продолжува со нови претстави и содржини посветени на најмладата публика.

ОЗНАКИ: ПРИЛЕП