Дознај прв
ЗАПАДНО-НИЛСКАТА ТРЕСКА СЕ ШИРИ: Регистрирани 58 случаи во Македонија, прв случај и во Свети Николе
Во Македонија се регистрирани 58 случаи на западно-нилска треска, од кои 55 се во Скопје, а има заболени и во Велес, Куманово и Свети Николе.

Заклучно со 8 август, во Македонија се регистрирани вкупно 58 случаи на западно-нилска треска, соопшти Институтот за јавно здравје. Од нив, 54 се потврдени, а четири се водат како веројатни случаи. Најголем број заболени, односно 55 лица, се од Скопје, додека по еден случај има во Велес, Куманово и Свети Николе. Регистрирани се 57 автохтони случаи, а еден пациент имал историја на патување во Грција. Меѓу заболените има 46 мажи и 12 жени, а просечната возраст на пациентите изнесува 66,1 година. Дури 47 од заболените, односно 81 процент, се лица постари од 60 години.
Најголем дел од заболените се постари од 60 години
Податоците покажуваат дека западно-нилската треска најчесто е регистрирана кај повозрасната популација. Од вкупниот број случаи, 47 лица се над 60 години, седум се на возраст од 50 до 59 години, едно лице е на возраст од 30 до 39 години, а три се на возраст од 20 до 29 години.
Прв случај регистриран и во Свети Николе
Покрај доминантниот број случаи во Скопје, заболувањето е регистрирано и во Велес, Куманово и Свети Николе. Од вкупно 58 случаи, 57 се стекнати во земјата, додека еден случај е поврзан со престој во Грција во периодот кој се совпаѓа со инкубацискиот период.
