Спорт
Дознај прв
(ВИДЕО) „ВАШИ СЕ 500.000 ЕВРА АКО ГО ЕЛИМИНИРАТЕ ПРОТИВНИКОТ“: Претседател на клуб од Албанија влегол со вреќа пари во соблекувалната

Претседателот на Динамо Сити од Албанија, Ардијан Барди, решил на необичен начин да го мотивира својот тим пред важниот европски предизвик. По пласманот во плејофот за Конференциската лига, Барди влегол во соблекувалната со вреќа полна со пари и им приредил изненадување на фудбалерите. Динамо претходно го елиминирал летонскиот Ауда со вкупен резултат 4-1.
Барди им ветил премија од 500.000 евра на играчите и стручниот штаб доколку тимот го елиминира Пафос и обезбеди пласман во групната фаза. Снимката од соблекувалната ја објавил „Top Channel“, а на неа се гледа моментот кога претседателот пристигнува со парите.
View this post on Instagram
Ваквиот потег предизвикал внимание поради необичниот начин на кој клубот решил да ги мотивира фудбалерите. Така, играчите на Динамо добиле дополнителен мотив пред двомечот со Пафос.