Спорт

ГОТОВО Е: Арсенал се засилува со Конса, Џонс заминува во Интер

Арсенал го засилува составот со англискиот репрезентативец Езра Конса од Астон Вила за околу 50 милиони евра, додека Кертис Џонс оди во Интер.

ГОТОВО Е: Арсенал се засилува со Конса, Џонс заминува во Интер

Конса пристигнува од Астон Вила за 50 милиони евра во Арсенал

Арсенал продолжува со засилувањето на тимот пред новата сезона, а најново име во составот на Микел Артета е Езра Конса. Англискиот репрезентативец, досегашен член на Астон Вила, ќе се пресели на „Емирати“ за трансфер вреден околу 50 милиони евра. Со неговото пристигнување Арсенал добива уште една квалитетна опција во одбраната и дополнително ја зголемува конкуренцијата во последната линија. Лондонскиот клуб веќе располага со исклучително квалитетен состав, но Артета продолжува да го засилува тимот во обид да остане конкурентен на сите фронтови. Конса во новата средина ќе има задача да ја оправда високата инвестиција и да помогне во остварувањето на амбициите на клубот.

Кертис Џонс од Ливерпул во Интер

Во меѓувреме, англискиот репрезентативец Кертис Џонс го напушта Ливерпул и кариерата ќе ја продолжи во Интер. Џонс ќе биде уште еден англиски фудбалер кој ќе пристигне во Милано, по Соунс и Спенс, со што Интер продолжува да се засилува со млади играчи од Премиер лигата. Арсенал, пак, не планира да застане тука и продолжува да работи на доведување на нов напаѓач, а меѓу имињата кои се поврзуваат со клубот се Виктор Осимен и Хулијан Алварез. Со новите засилувања, тимот на Артета изгледа сè посериозно пред новата сезона и повторно ќе има високи амбиции во Англија и Европа.