Магазин
Дознај прв
НОВ ХИТ: Популарниот уличен кошаркар „МК“ и артистот Јанг Дади ги споија кошарката и музиката во „Pick N’ Roll“
Канадскиот кошаркар со македонско потекло познат како „МК“ и македонскиот артист Young Dadi ја објавија „Pick N’ Roll“, песна која ги спојува кошарката и музиката.

Необична соработка од Скопје
Кандаскиот кошаркар и интернет-сензација Мат Киатипис, познат како МК, ја посети Македонија, а престојот го претвори и во музичка приказна. Во соработка со македонскиот урбан артист Young Dadi ја објави песната „Pick N’ Roll“, која ги спојува неговата љубов кон кошарката и музичкиот израз на Дади. Песната е продуцирана од Андреј Ник, а спотот бил снимен уште на првиот ден од пристигнувањето на МК во Скопје. По престојот во главниот град, Киатипис продолжил со посетата на Куманово и Охрид.
Македонско потекло и нов урбан звук
Киатипис има македонско потекло, па неговата посета на земјава имала и посебно емотивно значење. Од друга страна, Young Dadi во последните години се наметна како едно од препознатливите имиња на новата македонска урбана сцена. Токму затоа „Pick N’ Roll“ претставува интересен спој на спортот, музиката и современата македонска култура.
Соработката го поврза американскиот кошаркар со македонски артист и од една посета на земјава создаде интернационална музичка приказна.
