Магазин

(ВИДЕО) МАТ КИАТИПИС ЕКСКЛУЗИВНО: „Јас сум половина Македонец, баба ми се презива Тасевска, а дедо ми Ристовски“

Мат Киатипис ексклузивно откри дека е половина Македонец, со баба Тасевска и дедо Ристовски, и зборуваше за своите македонски корени. А татко му пак, бил од Лерин. Погледнете го исечокот.

(ВИДЕО) МАТ КИАТИПИС ЕКСКЛУЗИВНО: „Јас сум половина Македонец, баба ми се презива Тасевска, а дедо ми Ристовски“

Познатиот уличен кошаркар кој живее во Канада, Мат Киатипис, кој моментално е во посета на Македонија, ексклузивно откри дека е половина Македонец.

„Никој не знае дека сум половина Македонец. Мојата баба Нада се презива Тасевска, а дедо ми Ристовски“, рече Киатипис.

Тој објасни дека македонското потекло е од страната на неговата мајка.

„Сакам да бидеме на чисто дека овде освен што сакам да направам искуство, посебно е чувството да бидам од кај што се моите корени. Татко ми е од Лерин. А сега сакам да ја видам и страната на мајка ми“, порача познатиот кошаркар.

Во разговорот тој даде и позитивни зборови за Македонија, велејќи дека тука има најдобра храна, а како мал омилено јадење му било тавче гравче, додека сега, како што рече, обожава ракија.

Ова го откри во разговор во живо на YouTube профилот на познатиот македонски јутјубер Стефан Лазаров.