Македонија

Телевизиите во Македонија ќе мора бесплатно да ги емитуваат најважните натпревари

Телевизиите во Македонија ќе мора бесплатно да ги емитуваат најважните спортски натпревари од особено значење за јавноста.

Телевизиите во Македонија ќе мора бесплатно да ги емитуваат најважните натпревари

Нови правила на текевизиите за директните спортски преноси

Телевизиите во Македонија ќе мора бесплатно да ги емитуваат најважните спортски натпревари од особено значење за јавноста. Со новите правила се обезбедува големите спортски настани да останат достапни за сите граѓани, без оглед на тоа дали имаат платена телевизиска претплата. Мерката се однесува на натпревари и спортски настани кои се оценети како настани од особено значење за јавноста. Целта е граѓаните да имаат можност непречено да ги следат најважните моменти од спортот, особено настапите на македонските репрезентации и спортисти. На овој начин спортските преноси се третираат како содржина од поширок јавен интерес.

Ќе се утврдува кои натпревари се од посебно значење

Обврската се однесува на телевизиските оператори и радиодифузерите кои ги емитуваат ваквите содржини, а конкретните спортски настани ќе бидат определени согласно законските критериуми. Со тоа се ограничува можноста најатрактивните спортски натпревари целосно да бидат достапни само преку платени канали. Новите правила треба да овозможат поголема достапност на спортските содржини и да го заштитат интересот на гледачите. Очекувањата се дека мерката особено ќе биде значајна во периодите кога македонските репрезентации настапуваат на големи европски и светски натпреварувања.