Македонија

Даница Стевковска нов државен секретар во министерството за здравство

Даница Стевковска нов државен секретар во министерството за здравство

Министерот за здравство Сашо Клековски објави дека д-р Даница Стевковска е именувана за нов државен секретар во Министерството за здравство. Стевковска е доктор на стоматологија, дипломирана на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

По повеќегодишна работа како стоматолог, од 2015 година е дел од Министерството за здравство. Досега раководела со специјалистичко-консултативната и болничката дејност. Клековски вели дека нејзиното долгогодишно искуство и познавање на здравствениот систем ќе бидат придонес во реформите што ги спроведува Министерството. Министерот ѝ посака успех во новата функција.