Македонија

Времето денеска: Сончево и топло, попладне локални пороен дожд и грмежи

Сончево и топло време со температури до 39 степени. Попладне на места се очекуваат пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Времето денеска: Сончево и топло, попладне локални пороен дожд и грмежи

Температурите ќе достигнат до 39 степени

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево и топло, со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови на места ќе има услови за изолирана нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Максималните температури ќе се движат од 31 до 39 степени, при што најтопло ќе биде во источните и југоисточните делови од земјата.

Во Скопје сончево и топло

Во Скопје се очекува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, а температурата ќе достигне до 39 степени. И во главниот град во попладневните часови ќе биде потребна претпазливост поради високите температури и можноста за временска нестабилност во околината. Граѓаните се советуваат да избегнуваат подолг престој на директно сонце во најтоплиот дел од денот и да внесуваат доволно течности.

ОЗНАКИ: МЕТЕО