Свет
Дознај прв
Неверојатна сцена во Франција: Над 200 тони медузи запреа два нуклеарни реактори
Над 200 тони медузи го блокираа системот за филтрирање на нуклеарната централа Гравелине во Франција, по што беа запрени два реактори.

Огромен рој го блокирал системот за ладење
Повеќе од 200 тони медузи се појавиле во близина на нуклеарната централа Гравелине во Франција, по што два од шесте реактори биле целосно запрени. Медузите стигнале до системите за филтрирање на пумпната станица која ја снабдува електраната со морска вода. Операторот EDF соопшти дека реакторите биле исклучени како мерка на претпазливост, со цел да не биде загрозена безбедноста на постројката.
Седум бродови ги отстрануваат медузите
Уште два реактори во централата работат со намалена моќност, додека преостанатите два се надвор од функција поради планирано одржување и инспекција. Гравелине и претходно имала проблеми со големи концентрации на медузи, вклучително и во средината на август и во август минатата година. Во близина на електраната постојано работат седум бродови кои ги собираат медузите и ги враќаат подалеку во отворено море. Засега не е утврдено што ја предизвикало невообичаено големата концентрација, а EDF работи со повеќе партнери за да го истражи феноменот. Од операторот уверуваат дека инцидентот не претставува опасност за француската електроенергетска мрежа.
