Економија
Дознај прв
КАДЕ Е НАЈКВАЛИТЕТНО ГОРИВОТО ВО РЕГИОНОТ: Според достапните податоци, Македонија е на врвот
Каде има најквалитетно гориво во регионот? Според јавно достапните податоци, Македонија се издвојува, а добар избор се и големите брендови во Србија и Црна Гора.

Кога станува збор за квалитетот на горивата во земјите од регионот, според јавно достапните податоци, Македонија се издвојува како земја со особено квалитетни горива. Контролите на горивата се спроведуваат постојано, а критериумите за квалитет се строги, што е важно за возачите и нивните автомобили. Србија исто така може да се вброи меѓу земјите со добар квалитет на горивата, особено доколку се точи на големите и брендирани бензински станици.
Црна Гора со европски стандарди
Во Црна Гора горивата генерално се со добар квалитет и се применуваат европски стандарди. Возачите најчесто немаат причина за загриженост, особено кога избираат познати и проверени бензински станици. Сепак, како и во останатите земји, квалитетот може да зависи и од конкретната пумпа и начинот на складирање и дистрибуција.
Внимателно при точење гориво во Косово и Албанија
Во Босна и Херцеговина квалитетот може повеќе да варира меѓу различните бензински станици и делови од земјата. Доколку патувате во Косово, има бензински станици со добро гориво, но се препорачува да се избираат големи, познати и прометни брендови. Слично е и во Албанија, каде што има пумпи со квалитетно гориво, но најсигурен избор се поголемите и проверени брендови. За возачите кои патуваат низ регионот, изборот на бензинска станица е важен не само поради цената, туку и поради квалитетот на горивото.
