Економија

СЕ ПОЛНАТ РЕЗЕРВОАРИТЕ ПРЕД ПОСКАПУВАЊЕТО: Дизелот од полноќ поскапува за 5,5 денари

Се полнат резервоарите пред новото поскапување. Дизелот од полноќ ќе чини 88 денари, односно 5,5 денари повеќе.

СЕ ПОЛНАТ РЕЗЕРВОАРИТЕ ПРЕД ПОСКАПУВАЊЕТО: Дизелот од полноќ поскапува за 5,5 денари

На бензинските пумпи во Скопје попладнево е забележан зголемен број возачи кои ги дополнуваат резервоарите пред стапувањето во сила на новите, повисоки цени на горивата. Најголем интерес има за дизел-горивото, кое од полноќ значително поскапува. Со полнење на резервоарот по старата цена, во зависност од количеството гориво, возачите можат да заштедат од 100 до 150 денари.

Дизелот поскапува за 5,5 денари

Регулаторната комисија за енергетика одлучи малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС да се зголеми за 5,50 денари по литар. Новата цена на дизелот ќе изнесува 88 денари за литар. Цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за по 1,50 денар за литар.

Нови цени и за бензините и екстра лесното масло

Од полноќ, ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 87 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе чини 89 денари. Екстра лесното масло за домаќинство поскапува за 4,50 денари и ќе се продава за 86 денари за литар. Цената на мазутот се зголемува за 0,938 денари и ќе изнесува 42,168 денари за килограм.