Македонија
Дознај прв
ПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ВЛАДАТА: Собранието разреши осум министри и двајца заменик-министри
Собранието разреши осум министри и двајца заменик-министри во рамки на реконструкцијата на Владата предложена од премиерот Мицкоски.

Собранието денеска ги разреши осумте министри опфатени со реконструкцијата на владиниот кабинет, предложена од премиерот Христијан Мицкоски по разговорите со коалициските партнери. Од функциите се разрешени Игор Филков, Иван Стоиљковиќ, Цветан Трипуновски, Азир Алиу, Фатмир Лимани, Златко Перински, Зоран Љутков и Шабан Салиу. Сите предлози за разрешување добија најмалку 80 гласа од пратениците, иако за нивно усвојување беа потребни најмалку 61 глас.
Стоиљковиќ се враќа со ново портфолио
Од разрешените министри, во реконструираната Влада треба да се врати Иван Стоиљковиќ, кој од Министерството за односи меѓу заедниците е предложен да го преземе ресорот локална самоуправа. Досегашниот министер за локална самоуправа Златко Перински треба да биде назначен за директор на Фондот за здравствено осигурување, додека актуелниот директор на ФЗО, Сашо Клековски, е предложен за нов министер за здравство.
Разрешени и двајца заменик-министри
Собранието ги разреши и заменик-министрите Ѓоко Велковски и Седат Сулејмани, кои се предложени да раководат со министерствата за социјална политика и за култура и туризам. Премиерот Мицкоски во образложението порача дека разрешените функционери чесно, професионално и одговорно ги извршувале должностите, додека опозициските пратеници прашаа зошто се менуваат доколку нивната работа била успешна. По разрешувањата, Собранието треба да расправа и да гласа за новите членови на Владата.
