Македонија
Дознај прв
(ВИДЕО) ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА МИЦКОСКИ: Ова се новите министри по владината реконструкција
Владина реконструкција носи нови имиња во здравство, локална самоуправа и ФЗО, а во Владата влегува и Демократската партија на Турците.

Ова се новите министри по владината реконструкција: Клековски во здравство, Стоилковиќ во локална самоуправа
Премиерот Христијан Мицкоски по седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги соопшти кадровските промени во рамки на владината реконструкција. Според најавеното, Сашо Клековски, актуелен директор на ФЗО, е предложен за нов министер за здравство, додека Ѓоко Велковски е предложен за министер за социјална политика, демографија и млади.
Нови имиња во Владата
На местото на Клековски во ФЗО треба да биде назначен Златко Перински, актуелен министер за локална самоуправа. За нов министер за локална самоуправа, пак, се предлага Иван Стоилковиќ, кој досега беше вицепремиер и министер за односи меѓу заедниците.
Демократската партија на Турците влегува во Владата
Мицкоски соопшти дека е постигната согласност Демократската партија на Турците да стане дел од владината коалиција и да добие министерско место без ресор. Владата ќе го задржи истиот број ресори, но ќе има двајца потпретседатели помалку. Предлог-составот, заедно со биографиите на предложените министри, треба да биде доставен до Собранието до петок.
View this post on Instagram
