Македонија
Дознај прв
КЛЕКОВСКИ ВО ЗДРАВСТВО, ПЕРИНСКИ ВО ФЗО, СТОИЛКОВИЌ МЕНУВА РЕСОР: Познати нови детали за владината реконструкција
Владината реконструкција предвидува Клековски во Здравство, Перински во ФЗО и Стоилковиќ во Локална самоуправа. Повеќе информации се очекуваат вечерва.

Во претстојната реконструкција на Владата, Сашо Клековски треба да дојде на чело на Министерството за здравство, објави „360 степени“, повикувајќи се на партиски извори. Клековски во моментов е директор на Фондот за здравствено осигурување, а неговото место во ФЗО треба да го преземе Златко Перински, актуелен министер за локална самоуправа. Во ресорот Локална самоуправа, според истите информации, се очекува да се пресели Иван Стоилковиќ, кој сега е вицепремиер и министер за односи меѓу заедниците.
Сашо Клековски ќе биде нов министер за здравство!?
ВМРО-ДПМНЕ треба да ги добие ресорите Здравство и Социјална политика, додека ВЛЕН би раководел со Правда, Односи меѓу заедниците и Култура. ЗНАМ, според најавите, го добива Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Официјализирањето на политичкиот договор се очекува по одлуките на партиските тела, по што предлогот треба да биде доставен до Собранието.
Повеќе информации се очекуваат вечерва.
