Македонија

СОБРАНИЕТО УСВОИ НОВИ ПРАВИЛА ЗА ЕЛЕКТРИЧНИТЕ ТРОТИНЕТИ: Ќе смее да возат само полнолетни лица, максимум 20 км/ч

Нови правила за електричните тротинети: возење само за полнолетни лица, максимум 20 км/ч и построги казни за прекршоци.

СОБРАНИЕТО УСВОИ НОВИ ПРАВИЛА ЗА ЕЛЕКТРИЧНИТЕ ТРОТИНЕТИ: Ќе смее да возат само полнолетни лица, максимум 20 км/ч

НОВИ ПРАВИЛА ЗА ЕЛЕКТРИЧНИТЕ ТРОТИНЕТИ: Возење само за полнолетни лица и максимум 20 км/ч

Собранието ги усвои измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, со кои се воведуваат нови правила за електричните тротинети. Со измените, електричните тротинети ќе може да ги управуваат само полнолетни лица, односно лица со најмалку 18 години возраст.

Максимална брзина од 20 километри на час

Една од клучните измени е ограничувањето на максималната брзина на лесните електрични возила на 20 километри на час. Во оваа категорија спаѓаат и електричните тротинети, а измените се носат со цел подобро регулирање на нивното учество во сообраќајот и поголема безбедност на патиштата.

Построги казни и можност за одземање на тротинетот

Со новите правила се заострува и казнената политика за прекршоци направени со електрични тротинети. Во одредени случаи, покрај глоба, се предвидува и одземање на возилото, особено ако тротинетот го управува малолетник, ако се надмине дозволената брзина, ако се превезува друго лице или ако возачот е под дејство на алкохол. Измените беа донесени по скратена постапка во рамки на собраниската седница.