Магазин

АЛЕКСАНДАР И МАРТИНА ГОДИНАШНИ МЛАДЕНЦИ: Галичката свадба ќе донесе и нови обичаи пред публиката

Галичката свадба годинава ќе се одржи од 10 до 12 јули, а младенци ќе бидат Александар Пендароски и Мартина Михајлова.

АЛЕКСАНДАР И МАРТИНА ГОДИНАШНИ МЛАДЕНЦИ: Галичката свадба ќе донесе и нови обичаи пред публиката

Галичката свадба годинава ќе се одржи од 10 до 12 јули во Галичник, а годинашни младенци ќе бидат Александар Пендароски и Мартина Михајлова. Организаторите најавуваат богата програма и враќање на два стари обичаи кои за првпат ќе бидат претставени пред публиката. Станува збор за замесување на сваќата и редење на ситото, обичаи кои ќе бидат дел од свадбената традиција пред посетителите. Во петок, 10 јули, најавен е концерт на „Дупер“, а од сабота започнуваат свадбените обичаи. Александар има посебна врска со Галичник, бидејќи неговите родители пред 35 години биле дел од првата Галичка свадба со вистинска венчавка. Мартина порача дека за неа е голема чест што ќе биде дел од оваа традиција. Таа ги покани посетителите да дојдат во Галичник и да бидат дел од годинашната Галичка свадба.