Македонија

(ВИДЕО) Кои министри висат на конец при владината реконструкција?

Кои министри висат на конец при владината реконструкција? Разнишани фотелји во спортот и културата на Ристовски и Љутков. Не се само тие...

(ВИДЕО) Кои министри висат на конец при владината реконструкција?

Кои министри висат на конец при владината реконструкција?

Според неофицијалните информации на ТВ 24, во владата што ја предводи премиерот Христијан Мицкоски се споменуваат можни промени во дел од министерските ресори.

Разнишани фотелји во спортот и културата на Ристовски и Љутков

Сериозно разнишани, според истите информации, се фотелјите на Борко Ристовски во спортот и Зоран Љутков во културата. Не се исклучува ниту можност за смена на ресори, односно здравството да оди кај кадар на Мицкоски, додека Азир Алиу да седне во фотелјата за добро владеење на Арбен Фетаи. За возврат, според информациите, од Вреди би го барале ресорот образование.

Алиу повторно се споменува, Трипуновски можно да си замине

Иако Алиу ја преживеа интерпелацијата, неговото име повторно се споменува во контекст на можни владини рокади. Според ТВ 24, не би било изненадување доколку од земјоделството си замине и Цветан Трипуновски, а како причина се наведуваат приватни причини. Засега станува збор за неофицијални информации, а конечната одлука за евентуална реконструкција останува да се види.

Погледнете го видеото од ТВ24, кои министри висат на конец при владината реконструкција?