Скопје

(ЕКСКЛУЗИВНО ВИДЕО) ФАТЕНИ НА ЛИЦЕ МЕСТО: Јутуберот Никола Поповиќ затекна малолетници како кршат лулашки во Аеродром

Јутуберот Никола Поповиќ затекнал малолетници како кршат лулашки и урбана опрема на игралиштето „Патрик“ во Аеродром. Погледнете го видеото кое ексклузивно пристигна до редакцијата на 24часа.

(ЕКСКЛУЗИВНО ВИДЕО) ФАТЕНИ НА ЛИЦЕ МЕСТО: Јутуберот Никола Поповиќ затекна малолетници како кршат лулашки во Аеродром

Вандализам на игралиштето „Патрик“

Јутуберот Никола Поповиќ вечерва пред полноќ затекнал малолетници како кршат лулашки и урбана опрема на игралиштето „Патрик“, кое се наоѓа зад „Три бисери“ во Општина Аеродром.

Искршени лулашки и оштетен простор

Според видеото кое пристигна до редакцијата на 24часа, јасно се гледа дека зад себе оставиле искршени лулашки и оштетен простор наменет за деца и граѓани. Поповиќ реагирал на лице место, откако го забележал вандализмот, а веднаш потоа ја повикал полицијата.

Повторно се отвора прашањето за јавната опрема

Ова не е прв случај на несовесно однесување на малолетници кон јавната опрема, а ваквите настани повторно го отвораат прашањето за заштитата на детските игралишта и јавните површини. Нашиот редакциски коментар е дека младиот јутубер Никола Поповиќ заслужува пофалба за реакцијата, бидејќи не дозволил вандализмот да помине незабележано.