Македонија

НОВ ВЛАДИН КАБИНЕТ: Мицкоски порача дека реконструкција на Владата носи нова енергија и поголема одговорност

Мицкоски ги претстави новите кандидати за министри и порача дека реконструкција на Владата носи нова енергија и поголема одговорност.

НОВ ВЛАДИН КАБИНЕТ: Мицкоски порача дека реконструкција на Владата носи нова енергија и поголема одговорност

Реконструкција на Владата

Премиерот Христијан Мицкоски пред пратениците ги претстави предложените членови на новиот владин кабинет, оценувајќи дека реконструкцијата треба да донесе нова енергија, но и поголема одговорност во работата на институциите. Тој порача дека не бара доверба за поединци или за политичка партија, туку поддршка за продолжување на процесот во кој, како што рече, државата повторно почнала да гради, создава и победува.

Мицкоски ги претстави очекувањата од новите министри

Од Јетон Шасивари премиерот очекува правосуден систем во кој правдата нема да биде привилегија, додека од Агон Ферати побара посилна кохезија и доверба во односите меѓу заедниците. Борче Серафимовски треба да ја продолжи поддршката за земјоделците, а Сашо Клековски со нова енергија да ги продолжи реформите во здравството. Од ВЛЕН, пак, со пофални зборови го претставија Седат Сулејмани, кој е предложен за министер за култура.

Опозицијата со критики за реконструкцијата

Опозициските пратеници оценија дека кадровските промени не нудат одговор на суштинските проблеми и прашаа дали министерските рокади се доволни за промена на курсот на Владата. На почетокот од седницата беа разрешени министрите Азир Алиу, Игор Филков, Цветан Трипуновски, Иван Стоиљковиќ, Зоран Љутков, Фатмир Лимани, Златко Перински и министерот без ресор Шабан Салиу. Собранието потоа ја продолжи расправата за изборот на новите членови на владиниот кабинет.

ОЗНАКИ: влада