Регион
Дознај прв
ГОЛЕМО ОТКРИТИЕ ВО СРБИЈА: Австралиска компанија пронајде систем богат со злато и сребро
Австралиска компанија откри минерализиран систем богат со злато и сребро кај Љубовија, кој се протега на околу 80.000 квадратни метри.

Австралиската рударска компанија „Middle Island Resources“ објави нови резултати од истражувачкото дупчење на проектот Бобја, во близина на Љубовија во Србија. Резултатите укажуваат на постоење плиток минерализиран систем богат со злато, сребро и обоени метали. Во втората фаза од истражувањето биле изведени 17 бушотини со вкупна должина од 1.363 метри.
Минерализација на површина од 80.000 квадратни метри
Компанијата соопшти дека широка минерализација е потврдена во централниот, северниот и западниот дел од наоѓалиштето. Според досегашните резултати, зоните се меѓусебно поврзани во еден поголем систем кој се протега на површина од околу 80.000 квадратни метри. Истражувањата покажале присуство не само на злато и сребро, туку и на бакар, олово и цинк.
Значајни резултати на само еден метар длабочина
Како еден од најзначајните резултати е издвоена бушотината BMLRC022, каде што на само еден метар длабочина бил откриен интервал долг 41 метар. Во него била измерена просечна содржина од 1,03 грама злато и 52,9 грама сребро по тон руда. Новите податоци го зголемуваат потенцијалот на проектот, но за утврдување на точниот обем и економската исплатливост ќе бидат потребни дополнителни истражувања.

