Македонија
Дознај прв
ПОЖАРОТ НА ПЕЛИСТЕР ЛОКАЛИЗИРАН, НО ДРАМАТА НЕ ЗАВРШУВА: Во гаснењето се вклучуваат хеликоптер и два „ер трактори“
Пожарот на Пелистер е локализиран, но опасноста од ширење останува голема. Во гаснењето ќе се вклучат хеликоптер и два „ер трактори“.

Пожарот што го зафати Националниот парк „Пелистер“ од страната на Преспа е локализиран, но опасноста од повторно ширење и натаму е голема, информира градоначалникот на Битола.
Екипи цела ноќ на терен во НП Пелистер
Од вчера попладне, како и во текот на целата ноќ, надлежните служби се во координација и работат на справување со огнената стихија. Од Битола се испратени екипи на Територијалната противпожарна единица, јавните претпријатија со механизација, како и приватни компании со тешка механизација.
Воздушна поддршка за гаснењето
Во текот на претпладнето се очекува во акцијата да се вклучи и хеликоптер, како и два „ер трактори“, додека битолските екипи продолжуваат со интервенцијата на терен. Градоначалникот е во постојана комуникација со директорот на Националниот парк „Пелистер“ Иванчо Тошевски и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов. Граѓаните се повикуваат на особено внимателно и одговорно однесување во шумите за да се спречи избувнување на нови пожари и дополнително загрозување на природата.
Стојанче Ангелов исто така изјави дека пожарот е подметнат
