Македонија
Дознај прв
(ЕКСКЛУЗИВНО ВИДЕО) НИ ДОЖДОТ НЕ ГИ ЗАПИРА БЕРОВЧАНИ: Вака изгледа центарот на Берово во 2 по полноќ

Берово деновиве живее во празнична атмосфера по повод Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица, со повеќедневна програма исполнета со музика и настани. Во рамки на празнувањето се одржуваат фестивали познати за малешевијата на кои има бројна публика. И покрај дождот, веселбата во центарот на Берово продолжи и во доцните ноќни часови.
Снимките кои ЕКСКЛУЗИВНО пристигнаа до редакцијата на 24часа покажуваат како во 2 часот по полноќ беровчани играат оро на музика, без да имаат проблем со временските услови. Празничното расположение не стивнува ниту во раните утрински часови, а присутните продолжуваат со игра и песна.
View this post on Instagram
Повеќедневниот настан денеска завршува, по неколку дена исполнети со музика, дружење и празнична атмосфера. Дождот не ги спречи беровчани да ја продолжат веселбата и да покажат дека за добро оро нема лошо време. Секоја чест за оваа убава енергија, секоја чест беровчани!
