Скопје
Дознај прв
ДВЕ И ПОЛ ГОДИНИ ЧЕКААТ ВСЕЛУВАЊЕ: Купувачите на станови во Маџир Маало сè уште без технички прием
Купувачи на станови во Маџир Маало и по две и пол години чекаат технички прием и вселување во новата зграда, објави Слободен печат.

Дел од купувачите на станови во нова зграда на улицата „Преспанска“ во Маџир Маало велат дека и по две и пол години од предвидениот рок сè уште не можат да се вселат во своите домови, бидејќи за објектот не е извршен технички прием, објави Слободен печат.
Според нив, на зградата останале незавршени работи, меѓу кои потстаницата, пуштањето во употреба на лифтот и други технички детали, поради што постапката за технички прием сè уште не е завршена. Поради долгото чекање, дел од сопствениците решиле правдата да ја побараат по судски пат.
Проблемот трае подолг период, а купувачите претходно организираа и протести со барање процесот да се забрза и конечно да можат законски да се вселат во своите станови.
Од инвеститорот „Декон-ком“ претходно информираа дека се работи на завршување на преостанатите активности, поврзани со системот за греење и техничките процедури, по што треба да следува комплетен технички прием. Сепак, според последните информации, сè уште нема конкретен рок кога објектот ќе биде целосно подготвен за вселување.
Целиот текст прочитајте го ТУКА.
