Хроника
Дознај прв
ДОДЕКА ЕДНИ ГАСНАТ ПОЖАР, ДРУГИ КРАДАТ ДРВА: Срамни сцени во штипско

Додека пожарникари, припадници на службите и граѓани со денови се борат со пожарот во околината на штипското село Селце, во близина на огнената зона биле фатени тројца дрвокрадци. За случајот реагираше заменик-директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов, кој порача дека е срамно во момент кога луѓето се борат со огнената стихија, некој да се обидува да извлече лична корист од шумата.
Според Михаилов, тројцата биле фатени, но останува срамот поради моментот во кој се случил случајот. Во меѓувреме, пожарот во регионот на Штип и натаму создава проблеми, а огнената линија на моменти се ширела поради високите температури и силниот ветер.
Од ДОМ предупредуваат дека по гаснењето на пожарите останува опасноста опожарената дрвна маса да стане можност за нелегална или комерцијална сеча. Од партијата бараат јасни правила, јавна евиденција и планови за санација и обнова на опожарените површини.
