Македонија
Дознај прв
МОСТОТ НАД БРЕГАЛНИЦА ВО ШТИП СЕ ПУШТА ВО СООБРАЌАЈ: реконструкцијата вредна 455.000 евра е при крај
Реконструкцијата на мостот над Брегалница во Штип е при крај. По асфалтирањето и тестирањето се очекува денес да биде пуштен во сообраќај.

Реконструкцијата на мостот над реката Брегалница, на регионалниот пат Р1204 во Штип, е во завршна фаза, информира Јавното претпријатие за државни патишта. Во моментов се асфалтира мостот, по што ќе следува тестирање на неговата издржливост. Од претпријатието очекуваат мостот да биде пуштен во сообраќај по успешно завршување на тестирањето. Инвестицијата изнесува околу 28 милиони денари, односно 455.000 евра.
Мостот над Брегалница е долг речиси 100 метри
По извршените стручни инспекции, при кои биле утврдени оштетувања на конструктивните и функционалните елементи, ЈПДП започнало со неопходните санациски активности. Реконструкцијата опфатила мост со должина од 98,5 метри и вкупна ширина од околу 10 метри, заедно со тротоарите. Изведувач на работите е компанијата „Синтек Инженеринг“.
Целта е поголема безбедност во сообраќајот
Од ЈПДП посочуваат дека со реконструкцијата се подобруваат функционалноста и сигурноста на мостот, како и условите за сите учесници во сообраќајот. По завршувањето на тестирањето се очекува објектот повторно да биде ставен во функција, со што ќе се унапреди патната инфраструктура во Штип.
