Македонија

Сè повеќе семејства добиваат нова шанса: Над 1.800 барања за ин-витро за една година

ФЗО регистрира 1.883 барања за биомедицински потпомогнато оплодување (ин-витро) за една година, од кои 237 за четврти, петти и шести обид.

Сè повеќе семејства добиваат нова шанса: Над 1.800 барања за ин-витро за една година

Во периодот од 7 август 2025 до 20 август 2026 година, до Фондот за здравствено осигурување биле поднесени и разгледани вкупно 1.883 барања за биомедицински потпомогнато оплодување (БПО). Од нив, 237 барања се однесувале на четврти, петти или шести обид, можност која претходно не била покриена од Фондот.

За дополнителните ин-витро обиди поднесени 237 барања

Од вкупниот број, 216 барања биле за четврти обид, 17 за петти, а четири за шести обид. Од ФЗО велат дека тоа претставува околу 12,6 отсто од сите разгледани барања во наведениот период. Со законските измени, бројот на БПО обиди на товар на Фондот бил зголемен од три на најмногу шест.

Поедноставена и постапката за БПО

Од Фондот информираат дека постапката дополнително е олеснета со електронска достава на известувањето за одобрено право, како и со продолжување на рокот за приговор од осум на 15 дена. За БПО услугите повеќе не е потребен дополнителен упат од избран гинеколог, туку осигуреното лице ги користи врз основа на известувањето од Фондот. За постапките реализирани во осум здравствени установи со кои ФЗО има договори, во 2025 година биле издвоени повеќе од 97,3 милиони денари.