Скопје
Дознај прв
(ВИДЕО) ВЕЧЕРВА АЕРОДРОМ ПОВТОРНО Е ЦЕНТАР НА СЛУЧУВАЊАТА: Масовна посетеност на Aero street food festival
Аеродром знае да понуди добра храна, журка и позитивна енергија. Не пропуштајте го фестивалот до 8 септември. Видео од птичја перспектива од настанот вечерва.

Аеродром и вечерва е едно од главните места за забава во Скопје, каде што второто издание на AERO Street Food Festival повторно привлече голем број посетители. Паркот „Авионче“ е исполнет со граѓани кои уживаат во разновидната понуда на храна, музика и фестивалска атмосфера. Фестивалот започна на 4 септември, а во текот на првата вечер настапија повеќе артисти, меѓу кои DJ Milan Serafimov и популарните Ringtones. Програмата продолжи и вечерва со нови музички настапи и содржини за посетителите.
Посебен акцент е ставен на уличната храна, дружењето и атмосферата која фестивалот ја создава во еден од најпосетените скопски паркови. Организаторите најавија богата програма во текот на целото фестивалско издание. AERO Street Food Festival ќе трае до 8 септември, со што Аеродром во овие денови повторно е центар на градските случувања.
24часа е медиумски покровител на настанот.
View this post on Instagram
