Регион
Дознај прв
Ратко Младиќ погребан во Белград: На испраќањето присуствуваа српски министри и војска
Ратко Младиќ е погребан во Белград, а на испраќањето присуствуваа шест српски министри, војска, синот на Вучиќ и лидери од Република Српска.

Погребот на Ратко Младиќ со воени обележја и покрај ставот на Брисел
Осудениот воен злосторник Ратко Младиќ денеска беше погребан во Белград, а на испраќањето присуствуваа шест министри од Владата на Србија, синот на претседателот Александар Вучиќ, Данило Вучиќ, како и претставници на политичкиот врв на Република Српска. Ковчегот беше носен од припадници на Војската на Србија и беше покриен со знамињата на Србија и Република Српска. На гробното место беше испукан и почесен плотун.
Европската комисија тврди дека немало државни почести
Меѓу присутните беа министрите за одбрана, правда, култура, јавни инвестиции, труд и министер без ресор, како и Милорад Додик и Жељка Цвијановиќ од Република Српска. Иако погребот имаше повеќе елементи на официјален протокол, Европската комисија соопшти дека тој не добил формален карактер на државен настан. Од Брисел наведоа дека претходно имале информации оти бил планиран погреб со државни почести, но тоа не се случило. Телото на Младиќ претходно беше пренесено од Хаг во Белград со авион на Владата на Србија, а комеморацијата се одржа во Домот на Војската на Србија.

