Македонија
Дознај прв
10 плотуни за 35 години независност: Свечен артилериски поздрав од Армијата во касарната Илинден
По повод Денот на независноста, Армијата во касарната „Илинден“ изведе почесна артилериска стрелба со 10 плотуни од шест орудија.

Свечен чин во касарната „Илинден“
По повод 8 Септември – Денот на независноста, во касарната „Илинден“ во Скопје беше изведена почесна артилериска стрелба. Единица од Артилерискиот баталјон на Армијата истрела 10 плотуни од шест артилериски орудија, во чест на големиот државен празник.
Артилериски поздрав во чест на независноста
Почесната стрелба е дел од одбележувањето на 35 години независност на Македонија и претставува свечен чин во чест на државноста. Припадниците на Армијата со овој чин ја одбележаа годишнината од историскиот ден кога македонските граѓани на референдум се изјаснија за независна и самостојна држава.
