Скопје

(ФОТОГАЛЕРИЈА) НОВО ЛИСИЧЕ ДОБИВА ГОЛЕМ ПАРК: 71.000 квадратни метри зеленило и околу 1.000 нови дрвја

Во Ново Лисиче започна изградбата на нов парк од 71.000 квадратни метри со околу 1.000 дрвја, патеки, детски катчиња и простори за одмор.

(ФОТОГАЛЕРИЈА) НОВО ЛИСИЧЕ ДОБИВА ГОЛЕМ ПАРК: 71.000 квадратни метри зеленило и околу 1.000 нови дрвја

Ќе бидат засадени околу 1.000 дрвја

Во Ново Лисиче започна изградбата на нов парк на површина од 71.000 квадратни метри, во близина на ФФМ и последната автобуска станица на линијата „5“. Просторот, кој со години бил запуштен и користен како дива депонија, треба да биде претворен во голема зелена целина наменета за одмор, рекреација и дружење. Предвидено е да бидат засадени околу 1.000 дрвја, од кои повеќе од 800 листопадни, а останатите зимзелени.

Парк за сите генерации

Проектот предвидува изградба на пристапни патеки, детски катчиња и простори за одмор и дружење. Од Град Скопје посочуваат дека со новиот парк, заедно со останатите изградени и планирани паркови, вкупната површина на парковско зеленило достигнува околу 200.000 квадратни метри. Целта е просторот да стане место за семејни прошетки, детска игра и рекреација за граѓаните од сите генерации.

Жан Митрев