Скопје
Дознај прв
ПОРАДИ НЕВРЕМЕТО: ЕКИПИТЕ НА ГРАД СКОПЈЕ МОБИЛИЗИРАНИ И СЕ КООРДИНИРАНИ СИТЕ ИНСТИТУЦИИ ЗА БРЗА ИНТЕРВЕНВЦИЈА
Кризниот штаб на терен по силното невреме во Скопје, екипите ќе интервенираат цела ноќ каде што ќе биде потребно.

Кризниот штаб на Град Скопје и екипите на јавните претпријатија се на терен по силното невреме кое денеска го зафати главниот град. Според објавата на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, службите се целосно мобилизирани и подготвени за брза интервенција доколку има штети, поплави или потреба од итна реакција. Тој информира дека има постојана координација со ЦУК, МВР, ЕВН, Противпожарната бригада на Град Скопје и сите надлежни институции. Сите капацитети се ставени во функција со цел навремена заштита на граѓаните и спречување на поголеми последици. Екипите на Град Скопје ќе бидат на располагање во текот на целата ноќ и ќе интервенираат секаде каде што ќе биде потребно. Ѓорѓиевски ги повика граѓаните на внимателност, смиреност и соработка со надлежните служби. „Граѓаните не се сами“, порача тој.
