Македонија
Дознај прв
НАТО СОБОРИ БЕСПИЛОТНО ЛЕТАЛО НАД ЛИТВАНИЈА: Дронот влегол од Белорусија
Борбени авиони на НАТО соборија беспилотно летало над Литванија. Леталото навлегло од Белорусија и се движело кон запад.

НАТО соборија беспилотно летало
Борбени авиони на НАТО соборија беспилотно летало откако тоа навлегло во воздушниот простор на Литванија и се движело кон запад. За инцидентот утринава информираше литванскиот претседател Гитанас Науседа, кој порача дека ваквата подготвеност е од витално значење за безбедноста на регионот. Според информациите, леталото во Литванија дошло од соседна Белорусија, а претходно било издадено предупредување за Вилнус и околниот регион. Инцидентот се случува во период на зголемени тензии во регионот поради руските напади со беспилотни летала врз Украина.
Полска ги активираше воздухопловните сили
Во меѓувреме, Полска ги активираше своите воздухопловни сили како превентивна мерка поради руските напади со дронови врз Украина. Полската војска вчера извлече и сомнително руско беспилотно летало од морето кај балтичкиот брег во северниот дел на земјата.
Балтичките земји под зголемен притисок
Литванија, Латвија и Естонија се членки на НАТО и се наоѓаат во близина на Русија и Белорусија. Во последниот период овие земји се соочуваат со зголемена загриженост поради навлегувања на беспилотни летала во нивниот воздушен простор.

