Свет
Дознај прв
САД ПРИЗНАА ДЕКА ИМААТ ОРУЖЈЕ ВО ВСЕЛЕНАТА: Вашингтон не открива детали
САД првпат официјално потврдија дека имаат поставено оружје во орбитата околу Земјата за одбрана од непријателски дејства.

Соединетите Американски Држави првпат официјално потврдија дека имаат поставено оружје во вселената. Секретарот на американското Воено воздухопловство, Трој Мејнк, изјавил дека оружјето е поставено во орбита околу Земјата со цел да ги брани американските сили од непријателски дејства. Тој не открил дополнителни детали за видот на оружјето, неговата локација или начинот на кој би било употребено.
Оружјето во вселената предизвикува загриженост
Поставувањето оружје во вселената со децении е чувствителна тема меѓу големите светски сили. Со договорот од 1967 година е забрането поставување оружје за масовно уништување во орбитата, но САД, Русија и Кина истражуваат различни можности за воени операции против сателити.
САД развиваат способности за вселенско војување
Американските вселенски сили, формирани во 2019 година, веќе имаат рамка за вселенско војување во која се опфатени таканаречени контравселенски операции. Тие вклучуваат електромагнетни и кибернетски напади врз сателити и комуникациски системи, кои имаат клучно значење за современите воени операции.
