Регион

НОВ БЕЗБЕДНОСЕН ПЛАН НА ЕУ: Фон дер Лајен предлага европски совет по примерот на НАТО

Урсула фон дер Лајен предлага нов европски безбедносен совет и протокол по примерот на членот 4 од НАТО.

НОВ БЕЗБЕДНОСЕН ПЛАН НА ЕУ: Фон дер Лајен предлага европски совет по примерот на НАТО

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска пред Европскиот парламент треба да го претстави својот план за зајакнување на европската безбедносна архитектура. Според нацртот на нејзиниот говор, ЕУ би формирала нов „Европски совет за сигурност“ во кој би учествувале земјите членки, но и сојузници како Украина, Велика Британија, Норвешка и Канада. Предлогот предвидува и нов европски „безбедносен протокол“, по примерот на членот 4 од НАТО, со кој членките би можеле да побараат итни консултации доколку сметаат дека нивната безбедност е загрозена. Информациите се базираат на нацрт на говорот на Фон дер Лајен, објавен од „Еурактив“.

Нов механизам за безбедност

Планот доаѓа во период на зголемени геополитички тензии и има цел да ја зајакне координацијата меѓу европските држави и нивните партнери. Фон дер Лајен најавува и продлабочување на соработката со НАТО, додека предлогот за новиот механизам отвора прашања за неговата улога во однос на постојната трансатлантска безбедносна структура.

Канада и вештачката интелигенција

Во планот посебно место има Канада, која Фон дер Лајен сака да ја позиционира како важен европски стратешки партнер преку иницијативата „Сојуз за иднината“. Во нејзиниот говор се очекува да бидат опфатени и вештачката интелигенција, климатските промени, индустриската конкурентност и заштитата на децата на интернет.