Регион

СПРЕЧЕН ШВЕРЦ ВО ГРЦИЈА: Уапсени двајца турски државјани со 50 пиштоли и 49 шаржери

Спречен шверц во Грција: уапсени се двајца турски државјани со 50 пиштоли и 49 шаржери скриени во камион.

СПРЕЧЕН ШВЕРЦ ВО ГРЦИЈА: Уапсени двајца турски државјани со 50 пиштоли и 49 шаржери

Оружјето било скриено во камион

Грчката полиција спречи обид за шверц на голема количина нелегално оружје преку копнен граничен премин во областа Еврос. Уапсени се двајца турски државјани, кои се сомничат дека се обиделе да внесат 50 пиштоли и 49 шаржери во Грција, скриени во камион за меѓународен транспорт. Според информациите, оружјето било херметички спакувано во куфер и патна торба, внимателно сокриени под креветот во кабината и зад возачкото седиште. Акцијата била спроведена по анализа на информации дека се подготвува транспорт на поголема количина оружје преку камиони.

Осомничени за снабдување криминални групи

Грчката полиција лоцирала два камиона кои влегле на грчка територија преку премин во Еврос, при што било утврдено дека возачот на првиот камион имал улога на претходница и ја проверувал рутата. При контрола на вториот камион било пронајдено оружјето, а запленет бил и камионот. Според грчките власти, пиштолите немале сериски броеви, што е слично со претходни случаи истражувани во североисточна Грција. Двајцата уапсени се товарат за внесување и трговија со нелегално оружје, со сомнеж дека целта била снабдување криминални групи.