Македонија
Дознај прв
ТРИ АКТИВНИ ПОЖАРИ ВО ЗЕМЈАВА: Изгоре куќа во село кај Пробиштип
Три активни пожари во земјава: изгоре куќа во Бучиште, а жаришта има кај Пробиштип, Штип и Чешиново-Облешево.

Пожари кај Пробиштип, Штип и Чешиново-Облешево
Три активни пожари на отворено се регистрирани до 13 часот на територијата на земјава, а една куќа изгоре во пробиштипското село Бучиште. Активни жаришта има во селото Неокази во Општина Пробиштип, во месноста „Исар“ во Штип, како и во селото Новоселани во Општина Чешиново-Облешево. Според информациите, пожарот во Пробиштипско започнал меѓу селата Бучиште, Неокази и Петршино. Во Бучиште пожарот бил локализиран, но изгорела една куќа. Дел од огнот, според надлежните, се префрла кон селото Ратавица.
„Ер трактор“ испратен кон Штип
Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека е ангажиран еден „ер трактор“, кој е упатен кон Штип за да помогне во гаснењето на пожарот во градското подрачје. Таму гори ниска вегетација во близина на населени зони. Пожарот кај Штип првично бил забележан над регионалниот пат Штип – Пробиштип, каде густ чад се надвиснал над патот и значително ја намалил видливоста. Поради тоа, возачите се повикуваат на внимателност, намалена брзина и следење на насоките од службите на терен.
