Спорт
Дознај прв
ТЕВДОВСКИ СО АПЕЛ ДО ФФМ: Отворете ги вратите вечер и дозволете бесплатен влез – не може картата да е 1.800 денари, а во 6 натпревари да имаме 5 шута на гол

Професорот и поранешен министер за финансии, Драган Тевдовски упати апел до Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) вечерва да дозволи бесплатен влез на стадионот на натпреварот против Шкотска.
„Не може да има карти од 1800 денари, а во 6 натпревари 5 шута на гол“, напиша Тевдовски на Фејсбук.
Тој посочува дека во Скопје има голем број шкотски навивачи и дека не смее македонската репрезентација да игра на домашен терен во атмосфера како на гости. Тевдовски ги споменува и Елиф Елмас, Енис Барди и останатите репрезентативци, потсетувајќи на победите против Италија и Германија и пласманот на Европското првенство.
Тој апелира ФФМ да ги повика граѓаните да дојдат на стадионот и да организира навивачки групи. Според него, не смее шкотските и другите навивачи да бидат поорганизирани од македонските кога репрезентацијата игра дома.
Погледнете повеќе.
View this post on Instagram
