Македонија

„МАКЕДОНСКАТА КУЛТУРА И ЈАЗИК МОЖЕ ДА ЈА НАПРАВАТ ПОБОГАТА ЕУ“: Бугарите гневни на македонската дипломатија и изјавата на Фон дер Лајен

„МАКЕДОНСКАТА КУЛТУРА И ЈАЗИК МОЖЕ ДА ЈА НАПРАВАТ ПОБОГАТА ЕУ“: Бугарите гневни на македонската дипломатија и изјавата на Фон дер Лајен

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, вчера во Скопје изјави дека „македонската култура и јазик можат да ја направат нашата Унија побогата“. Таа порача дека Европската Унија ќе ја пречека Македонија со нејзиниот идентитет и јазик. Изјавата предизвика остри реакции во Бугарија, каде што на социјалните мрежи се појавија пораки со барање за оставка од Фон дер Лајен. „Бугарската историја и јазик – не!“, се наведува во една од реакциите.

Во истата реакција се посочува дека Македонија треба да ги исполни преземените обврски, меѓу кои и вклучувањето на Бугарите во Уставот. „Јазик не се признава со политички декларации“, се наведува во реакцијата од Бугарија. За потсетување, во претходните месеци македонската дипломатија на чело со министерот Тимчо Муцунски има чести состаноци во Брисел на кои повторно од ново се поставуваат позициите во однос на македонско-бугарското прашање.