Македонија
Дознај прв
ПОСМРТНИТЕ ОСТАНКИ НА ЦАР САМУИЛ ПРИСТИГНАА ВО БУГАРИЈА: Свечен пречек, но упатени и уцени кон Македонија

Посмртните останки за кои се смета дека му припаѓаат на цар Самуил пристигнаа во Бугарија, каде беа пречекани со свечена церемонија и државни почести. При пречекот беше интонирана бугарската химна, а беа испукани и 21 топовски салут. Воен авион со останките пристигна во Софија, по што тие беа пренесени до плоштадот „Кнез Александар I“. Од таму беа пренесени до црквата „Света Софија“, каде граѓаните можат да оддадат почит.
Во текот на настанот и во бугарските медиуми беа упатени пораки за „заедничка историја“ со Македонија, но и директни политички пораки кон Скопје. Меѓу нив беа барања Македонија да прифати дека Самуил бил „бугарски владетел“, како и ставови дека Бугарија не треба да попушта во однос на внесувањето на Бугарите во македонскиот Устав и работата на мешовитата историска комисија. Да потсетиме, пред неколку години во јавноста кружеше тоа дека ваквата интерпретација за цар Самуил била прифатена од историската комисија во периодот на владеењето на СДСМ и ДУИ.
Погледнете повеќе:
View this post on Instagram
