Спорт

ШОК ВО ЕВРОПСКАТА КОШАРКА: згасна тимот на Монако поради финансиски проблеми

АС Монако Баскет ги прекинува операциите поради финансиски проблеми. Клубот во 2021 година го освои Еврокупот и двапати играше на Фајналфор во Евролигата.

ШОК ВО ЕВРОПСКАТА КОШАРКА: згасна тимот на Монако поради финансиски проблеми

АС Монако Баскет објави дека повеќе не е во можност да ги исполнува финансиските обврски и поради тоа ги прекинува своите операции. Од клубот наведуваат дека и покрај сите напори, не успеале да ги обезбедат потребните средства за продолжување на работењето. Сепак, оставаат можност проектот во иднина да биде реструктуиран и повторно активиран. Со тоа засега се става крај на 12-годишниот проект кој донесе големи успеси во француската и европската кошарка.

Монако освои европска титула

Во изминатите 12 години, Монако освои три титули во францускиот шампионат, четири куп-трофеи и еден Суперкуп. Најголемиот успех клубот го оствари во 2021 година, кога го освои Еврокупот и му ја донесе на Кнежевството првата европска титула во тимски спорт.

Двапати играше на Фајналфор во Евролигата

По европската титула, Монако се проби меѓу најдобрите клубови во Европа. Тимот двапати настапи на Фајналфор турнирот во Евролигата, а еднаш стигна и до големото финале. Сега останува неизвесно дали клубот повторно ќе заигра во салата „Гастон Медесан“.