Економија

МЕРЦЕДЕС СО ПАД НА ПРОДАЖБАТА ОД 8 ОТСТО: Кина останува најголем проблем

Продажбата на „Мерцедес“ падна за 8 отсто во третиот квартал, а најголем пад од 31 отсто е забележан на кинескиот пазар.

МЕРЦЕДЕС СО ПАД НА ПРОДАЖБАТА ОД 8 ОТСТО: Кина останува најголем проблем

Продажбата на автомобили на германскиот производител „Мерцедес“ во третиот квартал од 2026 година паднала за 8 отсто на годишно ниво, на 407.200 возила. Најголем пад компанијата забележала на кинескиот пазар, каде продажбата се намалила за 31 отсто, на 86.800 возила. За разлика од Кина, во САД продажбата пораснала за 6 отсто, додека во Европа е забележан раст од 5 отсто.

Најголем пад кај мерцедес се луксузните модели

Особено погоден е сегментот на возила од највисоката класа, каде продажбата во третиот квартал паднала за 21 отсто, на 53.900 возила. Од компанијата велат дека резултатите се последица на послабите пазарни услови во Кина, но и на промените во моделската понуда.

Електричните автомобили бележат силен раст

И покрај падот на вкупната продажба, електричниот сегмент бележи значителен раст. Продажбата на целосно електрични возила, вклучително автомобили и комбиња, пораснала за 52 отсто, достигнувајќи 78.100 возила. Слабеењето на кинескиот пазар и зголемената конкуренција од домашните производители остануваат сериозен предизвик за германскиот производител.