Хроника
Дознај прв
(ВИДЕО) 33 НОВИ „PIAGGIO BEVERLY“ ЗА МВР : Обезбедена и комплетна мотоциклистичка опрема
МВР доби 33 нови „Piaggio Beverly 310 HPE“ мотоцикли и комплетна заштитна опрема, со вкупна вредност од 16,8 милиони денари.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и претседателот на РСБСП, Горан Ангеловски, денеска присуствуваа на официјалното предавање на 33 нови полициски мотоцикли и комплетна заштитна опрема за потребите на МВР. Станува збор за мотоцикли „Piaggio Beverly 310 HPE“ во полициска изведба, како и 33 комплети опрема со кациги, јакни, панталони, чизми и летни и зимски ракавици. Вкупната вредност на набавката изнесува 16.845.561 денари. Тошковски истакна дека новата опрема ќе овозможи поголема мобилност и поефикасно регулирање на сообраќајот.
Поголема мобилност и подобри услови за МВР
Министерот посочи дека модернизацијата на сообраќајната полиција е дел од пошироките активности за унапредување на безбедноста во сообраќајот, заедно со системот „Безбеден град“. Новите мотоцикли и опремата треба да придонесат и за подобри услови за работа на полициските службеници кои се ангажирани во сообраќајната контрола.
РСБСП продолжува со вложувања
Ангеловски истакна дека РСБСП и оваа година издвојува средства за модернизација и опремување на единиците на МВР задолжени за контрола и регулирање на сообраќајот. Од институциите порачаа дека преку современа опрема, институционална соработка и превентивни активности целта е намалување на сообраќајните незгоди, бројот на повредени и загинати лица.
View this post on Instagram
