Магазин

ПРОМЕНА НА СОПСТВЕНОСТА, НО НЕ И НА ИМЕТО: Тинекс останува Тинекс

Косовската компанија „Проекс интернационал“ доби одобрение за преземање контрола врз „Тинекс маркет“. Што ќе се промени кај познатиот бренд?

ПРОМЕНА НА СОПСТВЕНОСТА, НО НЕ И НА ИМЕТО: Тинекс останува Тинекс

Македонскиот трговски ланец „Тинекс“ е во фокусот на јавноста по информациите за планирано преземање од страна на косовската компанија „Проекс интернационал“ од Приштина. Според информациите компанијата има намера да стекне контрола врз „Тинекс маркет“ ДООЕЛ Скопје, а за реализација на преземањето е потребно одобрение од Комисијата за заштита на конкуренцијата.

Се очекува одлуката за преземањето на Тинекс

Комисијата за заштита на конкуренцијата ја разгледуваше пријавената концентрација и утврди дека преземањето е во согласност со Законот за заштита на конкуренцијата, без значително нарушување на конкуренцијата на релевантниот пазар. Тоа значи дека регулаторната пречка е отстранета, но конкретните детали за идното работење и евентуалните промени во маркетите остануваат прашања за кои се очекуваат дополнителни информации.

ОЗНАКИ: тинекс