Скопје
Дознај прв
СКОПСКОТО КАЛЕ ДОБИВА НОВ МУЗЕЈСКИ ЖИВОТ: Спас за илјадниците артефакти чувани во лоши услови
Заврши санацијата на двата музејски објекта на Скопското Кале. Над 5.000 археолошки артефакти ќе добијат соодветен простор за изложување.

Над 5.000 на Скопското Кале
Над 5.000 археолошки артефакти откриени при истражувањата на Скопското Кале ќе добијат соодветен музејски простор, откако завршија работите за адаптација и санација на Музејот на праисторијата и Музејот на османлискиот период. Артефактите со години се чувале во несоодветни услови, а нивното изложување треба да им овозможи на граѓаните и посетителите подобро запознавање со историјата на тврдината. Археолошките истражувања на локалитетот започнале во 2007 година, а резултирале со откривање на повеќе од 5.000 предмети.
За санацијата се вложени осум милиони денари
Директорката на Управата за заштита на културното наследство, Весела Честоева, информираше дека во периодот од 2017 до 2024 година артефактите се чувале во супстандардни услови, додека музејските објекти биле запуштени. За реализација на проектот биле обезбедени осум милиони денари, а работите опфатиле градежни, електрични и други активности. Според Честоева, двата објекта биле завршени за помалку од една година.
Музеите дел од програмата „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“
Во завршна фаза е и постапката Скопското Кале да биде прогласено за културно наследство од особено значење. Предвидено е Археолошкиот музеј да управува со двата музејски објекта и да се грижи за изложувањето на археолошките предмети. Честоева најави дека музеите ќе бидат вклучени и во програмата „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“.
