Македонија

(ВИДЕО) СЕДУМ МЛАДИ ЗМИИ ЗАПЛЕНЕТИ НА БОГОРОДИЦА: четири питони и отровна змија криени под седиштето кај Косовар

Цариниците на Богородица открија нелегален обид за внесување змии и гуштер во Македонија. Влекачите биле скриени под седиштето во автомобил управуван од косовски државјанин.

(ВИДЕО) СЕДУМ МЛАДИ ЗМИИ ЗАПЛЕНЕТИ НА БОГОРОДИЦА: четири питони и отровна змија криени под седиштето кај Косовар

Царинските службеници на граничниот премин Богородица заплениле седум млади змии и еден гуштер при контрола на возило управувано од косовски државјанин. Животните биле спакувани во кутии и марами и скриени под седиштето, со намера нелегално да бидат внесени во Македонија. Контролата била извршена во соработка со полициски службеници, а меѓу запленетите влекачи има и заштитени видови.

Меѓу запленетите влекачи има и отровна змија

Според Царинската управа, меѓу пронајдените животни имало четири питони од различни видови, змија „Chinese Ring Rat“, примерок од видот „Reticulated Super Dwarf“, како и отровна змија „Baron Snake“. Влекачите ќе бидат предадени на надлежните институции, а против лицето ќе биде поведена соодветна постапка.

За заштитените видови се потребни посебни дозволи

Од Царинската управа потсетуваат дека меѓународната трговија со загрозени видови дива флора и фауна е строго регулирана со Конвенцијата CITES. За внесување на вакви животни се задолжителни соодветни дозволи, а секој увоз без потребната документација се смета за недозволен.