Македонија
Дознај прв
(ВИДЕО) „СУМ БИЛ СВИЊА И ЌЕ МЕ КОЛЕЛ НА ПЛОШТАД“: Мицкоски откри какви закани добивал од жителот на Черкези

Премиерот Христијан Мицкоски откри какви закани добивал преку социјалните мрежи од 39-годишен жител на кумановското село Черкези. Мицкоски рече дека лицето го нарекувало „свиња“ и му се заканувало дека ќе го „коле на плоштад“. Според премиерот, биле упатени и пцовки кон него и неговото семејство.
„Јас сум сепак институција, кога не би бил ова – знам како се решаваат тие работи“, изјави Мицкоски.
Тој очекува случајот да добие соодветна правна разврска од надлежните институции. Од Основното јавно обвинителство Куманово денеска информираа дека е поднесен предлог за определување притвор за осомничениот. Обвинителството посочува дека станува збор за лице кое претходно било пријавувано за насилство, лихварство и прекршоци за нарушување на јавниот ред и мир.
Погледнете го видеото:
View this post on Instagram
Мицкоски откри какви закани добивал од жителот на Черкези, а сега институциите постапуваат.

